Кнаус: Направивме две грешки со Македонија (ВИДЕО)

„Направивме две грешки со Македонија“, вели Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност, кој е еден од највлијателните експерти за Балканот во ЕУ.

Наместо да се промовира моделот “Норвешка на Балканот” требаше да се промовира “Финска на Балканот” затоа што Финска на крајот од патот реши да стане членка на ЕУ за разлика од Норвешка, смета Кнаус.

Нашите пријатели со кои работиме долго време со право се шокирано од нашите решенија, смета Кнаус во видео подкаст за Западниот Балкан објавен на Твитер.