Мрежата за заштита од дискриминација и Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата ја осудuваат изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи кој како одговор на ултиматумот на Скендер Бузаку, изјави дека во ИВЗ нема место за „гејови“.

„ Го потсетуваме г. Реџепи дека како поглавар на верска заедница, треба да знае дека секој, па и ЛГБТИ луѓето и другите категории луѓе што не му се допаѓаат на него, има право слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, да ја практикува својата вера. Со оглед на тоа што изјавата е јавно искажана, таа носи штетни последици за геј-луѓето кои и онака се наоѓаат на маргините во нашето општество и секојдневно се соочуваат со исклучувања во речиси сите аспекти на живеењето. Верското убедување на Сулејман Реџепи не го ослободува од обврските што тој како граѓанин ги има според Уставот, од законите и од другите прописи, што подразбира дека треба да ги почитува основните права и на геј-луѓето, помеѓу кои и заштитата од дискриминација и вознемирување врз основа на сексуална оринетација и родов идентитет.

(…)

Ја повикуваме и Исламската верска заедница, преку своите органи на надзор, да поведе постапка за утврдување на одговорност на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, за сторената дискриминација по основ на сексуална ориентација“, стои во соопштението.

SHARE