Коби Брајант не загина по вина на пилотот на хеликоптерот!

Адвокатите на починатиот пилот кој управуваше со хеликоптерот, тврдат дека тојне е виновен за хеликоптерската несреќа во која загинаа девет лица, меѓу кои и Коби Брајант.

Вдовицата на Брајант, Ванеса преку нејзин адвокат на 24 февруари, ден откако се одржа меморијална служба за славниот кошаркар и неговата ќерка, поднесе тужба против пилотот и компанијата во чија сопственост беше хеликоптерот.

Сега адвокатите, со судскиот документ тврдат дека причина за несреќата со хеликоптерот била предизвикан од небрежност и ПО вина на патниците кои биле свесни за ризикот, изјави братот на обвинетиот пилотот.

Адвокатите на загинатиот пилот велат тој немал право да влијае на однесувањето на патниците и побараа тужбата да биде отфрлена.

SHARE