Вработување на директор во ЈП Водовод и канализација во 2014 година, кој имал диплома од Њујорк, но не ја нострифицирал, е основа за покренувањето кривична пријава против екс-градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

„Сметам дека неоснована е кривичната пријава. Таа пријава е од 2014 година и не разбирам зошто сега ја праќаат. Според законот за работни односи и законот за јавни претпријатија не се бара нострификација на диплома. Додека за администрација се бара нострификација.

Човекот има завршено во Њујорк, ја има преведено на судски преведувач, ја има заверено на нотар, ја има доставено и ние сме го објавиле огласот согласно на законот. Така што нема основа и слободно можат да го прочитаат законот и да го видат“, вели Трајановски за „Фокус“.

„Мислам дека ќе се докаже дека пријавата е неоснована, законот е зад нас. И што? Јас сум будала за еден директор да одговарам. Не планирам да го направам тоа“, вели Трајановски.

SHARE