Во врска со објавата на Владата дека е одобрена финансиска поддршка од 53,4 милиони евра за инвестициите на 49 компании преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, со реакција на Фејсбук се огласи Гордана Димитриеска-Кочоска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Реакција се однесува на тоа што во едно од правилата на конкурсот за финансиска поддршка е нагласено дека една фирма може да добие најмногу еден милион евра

„Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10 отсто до 20 отсто, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра. 

Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра“, се вели во соопштението на Владата за доделените финансии, пишува Република.

SHARE