Коцијанчиќ: Нема „балканска пролет“

Ставот на Унијата е дека бојкот на парламентите не е прифатлив, а за настаните во Албанија, Црна Гора и Србија не треба да се зборува како за „балканска пролет“, вели портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ.

Таа оцени дека нема потреба да се споредуваат протестите што се одвиваат истовремено во трите земји во регионот.

„ Европската комисија преку своите извештаи ја следи ситуацијата во земјите од регионот и ги пофалува и критикува кога е потребно. Извештаите се јасни и јас нема да ги споредувам овие ситуации“, порача Маја Коцијанчич.

Портпаролката вели дека „владеењето на правото е апсолутно најважно“ и тоа е едно од барањата што се повторуваат и во Албанија и Црна Гора и во Србија.

Според неа, пораката до сите земји од Западен Балкан е дека имаат јасна европска перспектива и дека пакетот извештаи за земјите во процесот на пристапување во ЕУ, ќе бидат објавени оваа пролет, според планираното.

SHARE