Коѕијас: Македонскиот јазик е признат пред 41 година

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ја обвинува опозицијата дека претходно прифатила признавање на македонскиот јазик, а сега се противи на договор за името ако во него има „Македонија“.

„Тие на конференција на ОН во 1977 година прифатија јазикот на Скопје да се вика македонски. Од тогаш тој е ставен на листата на официјалните јазици на ОН, каде стои до денеска. Наместо да се самокритикуваат, тие пцујат. Не се работи за нивно слепило туку за откровение“, пишува Коѕијас за македонскиот јазик и за односот на Нова демократија кон името.

Грчки премиер во 1977 година беше Константинос Караманлис, основач на Неа демократија.

 

SHARE

Comments are closed.