Коѕијас добивал заканувачки пратки со „крв, земја и куршуми“

Министерот за надворешни работи на Грција, во радио интервју изјави дека добивал пратки со „кутии од крв, земја и куршуми“.

Говорејќи за радиостаницата 24/7, Никос Коѕиас се осврнал на договорот за името на Скопје и на реакциите на договорот. Тој рече дека протестните митинзи за „Македонија“ имало повици „дајте ни оружје да го освоиме Скопје“.

Тој праша зошто не интервенирал обвинител и зошто опозицијата не го осудила инцидентот.

Коѕијас укажал на зголеминиот говор на омраза:

„Добив 800 писма со закани за мојот живот и на моето семејство. Добив пратки со крв и крвава земја. Каде е обвинителот?… вели  министерот .

Тој рече дека ги нашол „телефоните, адресите и имињата на луѓето кои ми се закануваат по телефон.Каде е обвинителот.  Зборуваме за сериозни прекршоци. Властите едноставно даваат препораки, сето тоа потсетува на периодот 1963-65 година…“