Коѕијас на вечера со Димитров во Охрид

Шефот на грчката дипломатија попладнево пристига во Охрид, на пат на неговата мини-балканска турнеја на која беше најавено дека ќе ги посети и Белград и Тирана.

Како што се дознава, тој вечерва ќе има работна вечера со неговиот домаќин, Никола Димитров, а официјална средба за „пеглање“ на разликите околу името, трета по ред по претходните две во Скопје и Виена минатиот месец, е закажана за утре.

Иако се говори за значителен напредок, се чини, се уште остануваат разлики околу идното име на Македонија, инсистирањето на Грција за промени на уставот, опсегот на употреба новото име, потпишување на меѓудржавен договор.

Во интервју за германски „Шпигл“ Коѕијас рече „разликите со Скопје можат да се решат со смелост“.

Премиерот Зоран Заев очекува да се постигне дополнителен прогрес по што би имало средба со грчкиот премиер Ципрас.

SHARE

Оставете коментар