Кое име го одбраа Заев и Ахмети?

СДСМ и на ДУИ,  денеска се очекува да го соопштат името на заедничкиот претседателски кандидат што го договорија лидерите Зоран Заев и Али Ахмети.

Во дел од медиумите беше објавено името на „избраниот“, други пишуваат за двајца меѓу кои требало да се „пресече“, трети тврдат дека дури денес треба да се направи изборот меѓу Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски.

Името на кандидатот треба да биде објавено попладнево, додека во меѓувреме течат Во тек се консултации и со новоформираната партија на Албанците „Алтернатива“ и со ДПАна Мендух Тачи.

Алијансата за Албанците и БЕСА, вчера соопштија дека ќе ја поддржат кандидатурата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река, кој, заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, се засега единствените за кои се знае дека влегуваат во претседателската трка.

SHARE

2 Коментари

  1. Заев не разбира дека Србија не зајебава со признавање на РСМ! Дачик не зајебава и ПОНИЖУВА кога вика СРБИЈА не ПРИЗНАВА под РСМ, БИДЕЈКИ се беше со промена на името завршено “НА ВАЛИДЕН” начин, односно „без кршење на внатрешното право”, и демек токму ЗАРАДИ коректна внатрешна постапка СРБИЈА не признава под новото име РСМ.
    Овде не може ниту протесна нота да се прати, БИДЕЈКИ САМИОТ ЗАЕВ СМЕТА ИСТО:
    ДЕКА СЕ Е НАПРАВЕНО НА ВАЛИДЕН НАЧИН!
    Заев не разбира дека Србија НИ СЕ ПОТСМЕВА! Тој поздравува одлука на Србија, ХАХАХАХА!

    • Ова е одмазда на Дачик, кој есе закануваше со БЈРМ, ОДМАЗДА ЗА КОСОВО!
      Еден од условите (девет услови/можности за прекин на спогодбата) за раскинувањето на Преспанскиот е „ВАЛИДЕН НАЧИН”, а ова Дачик го знае.

Comments are closed.