Лук Кофи, директор на Центар за надворешна политика при Фондација „Херитиџ“ од Вашингтон, предупредува дека незадоволството на Македонците од Преспански договор би можело да доведе до нестабилност на земјата и на регионот во иднина.

„Ако мнозинството од Македонците чувствуваат дека нивните култура, јазик и идентитет не се почитувани и заштитени, тогаш Преспански договор би можел да посее семе на незадоволство, кое би можело а доведе до поголема нестабилност и во земјата во регионот во иднина. Тоа е последното нешто што му е потребно на Балканот. Затоа, пред да се побрза со славење на Преспански договор, секој треба да направи чекор назад и да вдиши длабоко“, заклучува Кофи во својата анализа објавена од турскиот телевизиски канал на англиски јазик ТРТ ворлд.

Според него, ако Грција не го ратификува договорот, тоа би било трагично за македонската Влада, која веќе платила голема политичка цена што се гледало од нискиот одзив на референдумот од 36,8 проценти. Работите, вели тој, дополнително ги комплицира тоа што една третина од тие што гласаа доаѓа од средини со доминантнио албанско население.

Кофи смета и дека е грешка тоа што не се гласало прво во Грција за ратификување на договорот од Нивици. Тој прогнозира и дека нема да помине мазно и гласањето во грчкиот парламент за членството на Македонија во НАТО кога ќе дојде ред за тоа, а очекува проблеми и од Бугарија и од Албанија во тој поглед.

„Никој не треба да мисли дека патот за членство во НАТО ќе биде мазен, дури и ако соседите. Сè уште има огромен простор за грчките националисти да предизвикаат проблеми – особено кога пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО еден ден ќе дојде во грчкиот парламент за гласање.

Исто така, имаше малку дискусии за тоа каква улога би можеле да имаат Албанија и Бугарија во проблематизирањето на членството на Македонија во НАТО. И двете земји имаат комплицирана, а понекогаш и конфронтирачка, историја со Македонија. Малку е веројатно дека ќе бидат ентузијастички расположени за пристапувањето на Македонија во НАТО без претходно да извлечат големи отстапки од Скопје“, коментира Кофи.

SHARE

Оставете коментар