Кога анкетата е 101% точна!

Граѓани на социјалните мрежи споделуваат шеги на сметка на последната анкета на агенцијата „Рејтинг“ поради „грешката“ (намерна или не) во процентите.

„Ова како да ја правел Амди Бајрам“, се вели во еден од бројните коментари на Фејсбук.

Обична операција собирање на процентите дава збир – 101%

Најновото испитување на јавното мислење на aгенција „Рејтинг“, покажува дека 32% проценти од анкетираните мислат дека Заев е подобра опција за премиер од лидерот на ВМРО, Мицкоски, кој добил поддршка од 27 проценти граѓани, додека пак 20 проценти од испитаниците одговориле дека ниту еден од нив не бил добар за таа функција.

SHARE