Поранешниот македонски министер за надворешни работи Антонио Милошоски извади од „нафталин“ напис во весникот „Нова Македонија“ од ноември 2004 година, во кој сегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров го коментира признавањето од САД на уставното име како зајакнување на државноста.

2004: признавањето на уставното име ќе ја зацврсти државноста на Република Македонија.

2018: продај име, зачувај фотелја!“, твитна Милошоски.

„За нас е ова голем ден и доколку правилно ја разбираме пораката, таа е следнава – поддршка на македонската државност и политика“, изјавил тогашниот амбасадор на Македонија во Вашингтон.

Четиринаесет години подоцна Димитров и премиерот Зоран Заев веќе не зборуваат за уставното име, уште помалку за некаква зајакната државност, наместо тоа убедувајќи дека Преспански договор, чија најзначајна „придобивка“ е новото име Северна Македонија, го зајакнува македонскиот идентитет.

 

SHARE

7 Коментари

  1. 11 godini VMRO DPMNE ja prodavase drzavata za da si ja cuva foteljata, sega tesko im e da sedat na obicno stolce.

  2. Димитров треба да отвори кои било учебник од м. право и ќе му се појасни дефиниција на државност.
    “Statehood” или државност подразбира:
    1. Суверена власт (власт која е: а) врховна, б) неделива .в) непренослива, г) неотуѓива), и независна,
    2. територијата под јурисдикција на суверената власт,
    3. народот под јурисдикција на суверената власт,
    4. постоење меѓународно правна личност или меѓународен субјективитет.
    Врска со ИМЕТО е во фактот дека основен елемент на споменатиот субјективитет е правниот ID те. име на субјектот те. назив на правното лице .

    • Да! Точно! Но треба да се појасни и ова: Правниот идентитет инхерентно поврзан со суверената и независна воља на државата и овој идентитет изворно потекнува од народот и правото на НАРОДОТ на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, које е неотуѓиво!! Начелото на самоопределување на правен идентитет, како изворно народен идентитет е поврзано со Суверената власт (според пресумпција власт на народот) која има право да САМООПРЕДЕЛИ и САМООДРЕДИ и државно-правен идентитет (државното име). Правото на самоодредување и самоидентификација е поврзано со независно право на државно самоодредување (Self-determination) кога се работи за основните елементи на правната личност. Концептот во ООН и Повелбата на ООН е базиран на НАРОДЕН СУВЕРЕНИТЕТ (те. доктрина на ВРХОВНАТА ВЛАСТ НА НАРОДОТ (која се протега и на само-дефинирање и само-одредување односно самоопределување).
      Последицата од овие правила и принципи е:
      1. Не може со надворешна регулација или акти надвор од државата да се одреди, креира или укине правниот идентитет односно држано-правното име.
      2. Не може со надворешна регулација или акти надвор од државата да се одреди, креира или укине националниот или народниот идентитет, кои е предмет на самоопределување.
      Заклучно со негирање на националниот идентитет, вклучувајќи и само-негирањето на идентитетот (те. авто-шовинизам), се УСКРАТУВА ПРАВО НА ПОСТОЕЊЕ!
      Право на постоење е најосновно право и е изедначено со правото на само-одбрана на народот и државата .

  3. Димитров го дели првото и второто место со Заев во дисциплина превртливост и сеење магла. Денес кога Димитров вели дека ќе имаме „зајакнат идентитет”, па дури и „зајакната државност”, а всушност несаканата референца ја заменуваме со трајната деноминација, гледаме за каква демагогија и хипокризија станува збор. Со Преспанскиот договор, државноста трајно и неповратно се урива, а не „зајакнува”! ЈА ГУБИМЕ ДРЖАВАТА!

    • Надворешното давање на легитимитетот за името создадено со изворната народна воља и суверениот избор на државата придонесува кон јакнење на државноста, но кога со надворешниот акт се прави и креира ново (ВЕШТАЧКО), од народот не прифатено име и неизворно име, тогаш националното име изразено преку државно-правниот идентитет се делегитимира во меѓународните односи, и со тоа се проблематизира и разградува државност.

      • Правниот идентитет e инхерентно поврзан со суверената и независна воља на државата и овој идентитет изворно потекнува од народот и правото на НАРОДОТ на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, које е неотуѓиво!! Начелото на самоопределување на правен идентитет, како изворно народен идентитет е поврзано со Суверената власт (според пресумпција власт на народот) која има право да САМООПРЕДЕЛИ и САМООДРЕДИ и државно-правен идентитет (државното име). Правото на самоодредување и самоидентификација е поврзано со независно право на државно самоодредување (Self-determination) кога се работи за основните елементи на правната личност. Концептот во ООН и Повелбата на ООН е базиран на НАРОДЕН СУВЕРЕНИТЕТ (те. доктрина на ВРХОВНАТА ВЛАСТ НА НАРОДОТ (која се протега и на само-дефинирање и само-одредување односно самоопределување).
        Последицата од овие правила и принципи е:
        1. Не може со надворешна регулација или акти надвор од државата да се одреди, креира или укине правниот идентитет односно држано-правното име.
        2. Не може со надворешна регулација или акти надвор од државата да се одреди, креира или укине националниот или народниот идентитет, кои е предмет на самоопределување.
        Заклучно со негирање на националниот идентитет, вклучувајќи и само-негирањето на идентитетот (те. авто-шовинизам), се УСКРАТУВА ПРАВО НА ПОСТОЕЊЕ!
        Право на постоење е најосновно право и е изедначено со правото на само-одбрана на народот и државата

        • СДСМ разградува и брише државност и мора да замине поради три вини:
          1. Бугарската спогодба (за историјата и народот, побугарување),
          2. Тиранската платформа (јазичната и државната федерализација),
          3. Преспанскиот договор (бришење на правниот и националниот идентитет).
          НАРОДОТ ТРЕБА МАСОВНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРА И НЕПРЕКИДНО ДА Е НА УЛИЦА СЕ ДО ЗАМИНУВАЊЕ НА ВЛАСТА НА СДСМ.

Comments are closed.