Поранешниот македонски министер за надворешни работи Антонио Милошоски извади од „нафталин“ напис во весникот „Нова Македонија“ од ноември 2004 година, во кој сегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров го коментира признавањето од САД на уставното име како зајакнување на државноста.

2004: признавањето на уставното име ќе ја зацврсти државноста на Република Македонија.

2018: продај име, зачувај фотелја!“, твитна Милошоски.

„За нас е ова голем ден и доколку правилно ја разбираме пораката, таа е следнава – поддршка на македонската државност и политика“, изјавил тогашниот амбасадор на Македонија во Вашингтон.

Четиринаесет години подоцна Димитров и премиерот Зоран Заев веќе не зборуваат за уставното име, уште помалку за некаква зајакната државност, наместо тоа убедувајќи дека Преспански договор, чија најзначајна „придобивка“ е новото име Северна Македонија, го зајакнува македонскиот идентитет.