Кога камен-темелник за новиот Клинички центар?

Ветувањето дека до крајот а оваа година ќе биде ставен камен-темелник на новиот Клинички центар кој треба да се гради во Ѓорче Петров – се чини нема да се оствари.

Во Министерството за здравство сеуште не е доставена финалната верзија на физибилити студија за Клиничкиот која австриската агенција за здравство требаше бесплатно да ја изготви уште пред два месеци .

До крајот на месецот министерството за здравство ќе распише јавен оглас за избор на проект како и за избор на изведувач на работите.

Министерството очекува известувањата од повеќе банки и финансиски институции од кои бараше околу 500 милиони евра кредит за медицинскиот комплекс, дознава Сител.

Министерот Венко Филипче е убеден дека 5 месеци се доволни да се заврши се и да почнат градежните работи.

„Доколку се оди според предвидената динамика мислам дека до крајот на оваа година може нешто да се започне со некакви градежни работи на терен на новиот Клинички, изјави министерот Филипче.

SHARE