Кога се сомневаш дека партнерот те краде: Зошто се бара врзан потпис за пописот?

Коментирајќи го решението на власта резултатите на пописот да бидат признати само ако на нив се потпише и заменикот на Заводот за статистика од ДУИ адвокатот и оснивач на “Твоја” Александар Тортевски открива зошто врзан потпис се користи во други случаи.

“Пописот ќе бил спроведен со врзани потписи на директорот и заменикот на Завод на статистика. Двајца потписници со врзани потписи се става само кога основачите на фирма се сомневаат дека еден сам потписник ќе ја краде фирмата па двајцата ќе се контролираат еден со друг”, пишува Тортевски.

Според аналогијата ДУИ во случајот со пописот не му верува на СДСМ и мисли дека ќе краде население.

SHARE