Кога спие вториот “екологист” Јани Макрадули? (ФОТО)

Додека Македонија се гуши во загаден воздух заменикот министер за екологија Јани Макрадули ноќите ги минува на активности кои немаат врска со екологијата.

Макрадули на својот фејсбук профил вчера наутро фали кошаркарски меч од НБА лигата и тоа по 5 часот наутро.

Мечот започнал во 3 часот по македонско време а завршил околу 6 часот наутро што значи дека заменикот министер или воопшто не спиел или на работа се појавил ненаспан.

Токму во моменти кога нацијата е вознемирена од огромното аерозагадувањето кое Скопје, Куманово и Тетово ги стави на врвот на светските листи на најзагадени градови.

Дилемите за сонот на Макрадули се уште поактуелни ако се земе предвид “инцидентот” кога тој во една прилика предходно беше фатен од камерите како дреме во Собранието на активна дебата.

SHARE