„Кога го слушам скандирањето ‘Македонија’… тоа навистина ми ја исправа косата“.

Со оваа изјава на ексрепрезентативецот на Австралија, Саша Огненовски, австралиската телевизија Оптус спорт ја најавува првата од серијата репортажи за фудбалски клубови на етничките заедници на континентот со Престон лајонс, порано познат како Престон Македонија.

„Секогаш им велам на луѓето: ‘Иако нашето потекло јасно е македонско, го прифаќаме секого што сака да дојде во овој клуб, кој гордо сака да го носи нашиот дрес“, вели клупскиот претседател Жак Груевски во ТВ-портретот на фудбалската гордост на Македонците од Австралија.

SHARE