Комисија на косовскиот парламент подготви нацрт-резолуција со која властите во Белград се повикуваат „да го признаат извршениот геноцид“ во Косово во периодот 1998-1999 година. „Србија мора да прифати дека извршила геноцид во Косово и мора да ги казни сторителите и да ја надомести штетата“ пренесува  приштинска „Коха“ која наводно имала увид во документот.

Нацрт-резолуцијата, како што се вели, брзо ќе се најде на парламентарната седница.

Во резолуцијата, според „Коха“ се содржани факти за наводните злосторства на Србите, правната основа и наодите, пренесува Б92

SHARE