Откако Бугарија добила информација од Македонската влада дека номинацијата на Орце Камчев за почесен конзул не е прифатлива, се согласила со ставот на нашата Влада и веќе ова прашање не го поставува.

Ова го потврди и бугарскиот вицепремиер Каракачанов кој изјави дега официјална Софија нема да притиска.

„Канал 5“ доби сомнитечен мејл во кој се бара Телевизијата сама да се демантира за кажаното од страна на Каракачанов.

Канал 5 ТВ го контактираше и тимот на г-дин Каракачанов, со барање да се дообјасни, иако беше многу прецизен и јасен, при што добивме само телефонски одговор дека изјавата на вицепремиерот на Бугарија е таква како што е дадена во интервјуто за нашата телевизија.

SHARE