Кој “чепкал” во транскриптот од излагањето на Силјановска во Собранието? (ФОТО)

Интервенирале ли собраниските служби во транскриптот од излагањето на професорката Гордана Силјановска во Собранието на дебатата за Законот за Јавно обвинителство.

На местото каде што професорката рекла Рекет сега има долга линија без збор.

“Жестоко атакуваа на „ Трето полувреме“ за да не се замерат со бугарската власт, која наместо да се извини за ужасната, трагична, незаборавна сага за Македонските Евреи, бега од историската вистината.

Го цензурираа филмот „ Ругање со Христа“, без да го гледаат, повредувајќи го правото на слободно уметничко творештво.

Ја цензурираа книгата на Стојан Андов, газејќи врз правото на слободно изразување на мислата. Среде Собранието како „школа на демократијата“ цензурираат експертски излагања.

Го избришале од стенограмот на обраќањето на проф. Сиљановска Давкова зборот „ РЕКЕТ“. Што е следно во демократијава што „блеска“/блес(к)ави: забрана да се изговори „Рекет“, среде Рекетарска Македонија?

Погледнете ги стенограмски белешки од јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“ од 28-01-2020 година. Кај моето излагање наместо зборот „ рекет“, има долго тире, како симбол за „ рекетирање што тече“?!

Уште една манифестација на хибриден режим”, пишува Силјановска во врска со сменетиот збор со долга линија.

SHARE