Името на Александар Филиповски се споменува како пратеник кој треба да „попоплни“ испразнетото место на пратеничката листа на САДСМ, откако  Павле Богоевски, во четвртокот поднесе  оставка од функцијата пратеник.

Под услов, негова последна активност како пратеник да биде гласање за одземање на пратеничкиот мандат на екс-премиерот Никола Груевски.

Филиповски беше на 17-то место на листата кандидати за пратеници на СДСМ и за разлика од Богоевски кој беше независен пратеник и ја претставуваше „Шарената Револуција“, Филиповски е член на СДСМ и доаѓа од нивната општинската организација во Аеродром.

Од 2017 година, тој бил избран за член на Управниот одбор на Дирекција за технолошки индустриски зони.

Филиповски, кој е малку познат во јавноста е страсен навивач на кошаркарскиот клуб МЗТ и љубител на коњи, а на неговиот фејсбук профил може да се видат и фотографии со градоначалниците Петре Шилегов, Златко Марин и Саша Богдановиќ.

Извор: ИРЛ