Кој е владиката кој ги смирил Заев и Мијалков? (АУДИО БОМБА)

Владика на МПЦ-ОА е човекот кој ги смирил лидерот на СДСМ и братучедот на Никола Груевски Сашо Мијалков, открива екс премиерот во најновата аудио бомба објавена денеска.

За владиката Наум Заев вели дека бил со сите бои мачкан, но не знае дали повеќе поминува време со Мијалков или со него.

Транскрипт од разговорот на Заев со соговорникот кому му открива дека владиката Наум бил близок на екс премиерот од СДСМ Хари Костов:

XX: Дедо Наум?

Зоран Заев: А?

XX: Дедо Наум, владиката?

Зоран Заев: Кој бе

XX:Па верник

Зоран Заев: Не бе ни он, он е близок со Хари, Мари. И он не ми направи муабет за тоа. Не ок е оној наш владика е струмички, не можам да кажам дека не сум се видел со него, сум се видел.

XX: Каков човек е он

Зоран Заев: Со сите бои обоен, измачкан. Не знам дали мине повеќе време со мене или со Сашо.(Милајков)

Владиката Наум е еден од првите луѓе од МПЦ кој се појавил во владата на СДСМ во јуни 2017 кога бил дел од средба на која биле и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и бугарскиот тајкун Милан Врабевски кој работи на побугарчување на Македонците во Албанија.

SHARE