Кој го нарече Дурловски “калкулатор што сака да направи од себе жртва”

“Игор Дурловски и напишал проштално посмо на слободата.

Тоа ми се виде, така, некако, романтично.
И поетично!

Како Питу Гули на Мечкин Камен или Ордан Пиперката на Церот!
Така се исфилмувал.
Како Драјфус и Зола во едно.

И во врска со својот статус на обвинет, донел решение што сакам да го поздравам.

Макар што идејата што стои зад тој статус е идеја што може да се роди само во главата на калкулатор кој сака од себе да направи жртва, а од срањата што ги произвел, да направи парфеми на Том Форд”, пишува колумнистот на Слободен Печат Бранко Тричковски за најавата на Игор Дурловски дека нема да бара амнестија.

“Или, идеја на вистински борец кој од некои причини нема поим дека се бори за животот на страната на смртта.

На “Турандот” на Пучини ми вртат некои аспекти на либретото на Груевски, во кое Дурловски имаше важна улога.

Да ја иземеме, за момент, намерата за одредено сентиментализирање на судството.
И на јавноста, се разбира.

Ја поздравувам одлуката на Дурловски.
Молам, борба за докажување на невиноста, преземање на ризик, спремност на жртви, борба за правда, не селективна правда, за чест и морал….

Супер.

Ќе ти кажат колку “кошта” учеството во организацијата на државен удар.
И толку!

Ти мислиш дека Кара Ками Шева и Солза Грчева ќе се самозапалат!? Дека Груевски ќе се врати и ќе рече, како што беше рекол пред некое време: мене затворете ме-Дурловски пуштете го!?

Макар што тоа не ми е работа, јас ти препорачувам да седнеш и да се обидеш да ја сфатиш својата заблуда, дека цело време те терале да го веслаш македонскиот чамец кон смртоносните водопади, да се вратиш во нормалните, да му се вратиш на талентот и на кариерата, оти тие се вредностите и за тебе и за твојата фамилија и за Македонија, а не тракторите, лудата маса, хистеријата, пучевите, крвта и злосторството. Не вмро. Ти можеш и да бидеш жртва, не сакам да се мешам, но сепак мислам дека треба да размислиш уште еднаш кога ја повикуваш на жртва целата фамилија.

Ако те ослободат-нека ти е со среќа, ако те осудат- одлежи си!

Тоа е Игоре!

Кон крајот на јануари ќе излезе од печат мојата книга “Ослободувањето од Македонија”
Добра лектира и за луѓето во затвор и за луѓето на слобода”, пишува Тричкоски кој траорот на политички прогонетиот Дурловски го користи да ја рекламира својата нова книга.

SHARE

1 Коментар

  1. Трики е добар пример на забеганоста на целата оваа гарнитура која себе си се претставува како власт а всушност е обична инсталација и најобично квислиншко јато. И покрај ментално болните (човекот е болен и треба да се упати на лечење) изјави, сепак има една вистина од цело ова негово писание, а тоа е дека во борба или си победник или си поразен, ако победиш ќе бараш одговорност од квислиншкото јато ако те победат биди подготвен на последиците и нивните монструозни болештини.
    Така е тоа од секогаш. Зошто Игор Дурловски и други се жртви на монструозното квислиншко јато? Одговорот е многу едноставен, Македонија по државниот удар од 27 април 2017г. е окупирана а окупаторот и неговите слуги се избориле за право да постапуваат онака како им се сака со сите патриотски и слободољубиви лица и сили! (Има едно многу интересно прашање, зошто ВМРО-ДПМНЕ соработува со окупаторот? И што патриотско има во тој чин?)

    И пред Груевски да “замине“ од Македонија пишував а сега да повторам. За Груевски имам мислење дека е нерешителен, плашлив и без потенцијал да биде државник, единствено што мислев за него е, дека не е ГЛУП. Со неговиот чин тој токму тоа го докажа. Инаку ќе беше глуп ако дозволеше Зораните со неговата банда да го стават во затвор, само глуп човек може да си дозволи Зораните и неговите да го стават во затвор! Добро е што се покажа дека Груевски не е глуп, ќе беше мачно да се гледа како го трпаат во затвор (заради 2-3 круга со мерцедесот), односно дека глуп човек бил премиер на мојата држава Македонија и тоа дури 9-10 години!

    На Дурловски и сите кои одлучиле да не плукнат на своето достоинство и да останат луѓе до крај (претпоставувам од една единствена причина, затоа што ако се скршат, утре не ќе може да се погледнат во огледало и со тоа остатокот од животот би си го претвориле во пекол!), им посакува сили да издржат до самиот крај, каков и да биде!!!

Оставете Коментар