Кој го повлекол налогот за апсење за Катица Јанева?

Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи вчера имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, неофицијално дознава МКД.мк од каде објаснуваат што се случило потоа во канцелариите на СЈО?

Според изворите на порталот, додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори.

Покрај овој телефонски разговор со странецот, Јанва се слушнала и со висок претставник на македонските власти.

Присутни на овој случај, за Мкд.мк тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките се депонирани во странство.

После ова налогот бил заборавен, а официјалните информации потврдуваат дека мобилниот телефон на Катица Јанева е одземен.

Повеќе детали на мкд.мк

SHARE