Кој го штител Аватар? Зошто во Струмица законот не важи (ФОТО)

И покрај стогите мерки илјадници луѓе учествувале во забавите организирани изминативе денови во струмичкиот ноќен клуб „Аватар“.

Иако на сите им е јасно дека вакви собири се забранети струмичкиот клуб најавуваше и организираше забави на кои никој не ги почитувал правилата за социјална дистанца и носење маски.

Дури откако во јавноста излегоа видеа и фотографии од забавите на кои се гледа дека никој не носи маски а илјадници луѓе седат еден до друг Државниот пазарен инспекторат побара реакција од јавното обвинителство заради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата на ковид-19.

За задоцнетата реакција на инспекторатот беа потребни денови и стотици споделени фотографии и видеа од забавите во ноќниот клуб во Струмица.

“Толку беше. Укажувавме, но го загубивме трпението. Ќе поднесеме пријава до основното обвинителство па од таму нека одредат која ќе биде одговорноста на субјектот. Прописите се јасни, а таму пишува дека ноќен клуб во овој момент не смее да работи во земјата”, велат за „Фактор“ од инспекторатот.

Порталот пишува дека неофицијално, од таму денеска ќе спроведат контрола во Струмица и ќе ја испитуваат ситуацијата на терен, а една од можностите е и клубот да биде запечатен.

Дали сопствениците на клубот досега останале недопирливи поради политичка блискост со власта и зошто инспекторатот не реагирал предходно и дозволил дури и најавени концерти со српски пејачи се прашања на кои граѓаните засега немаат одговор.

SHARE