Кој го тоа снимил гласот на З.З. во аудио-бомбата што ја објави Милошоски?

Никој од осумтемина одметнати од ВМРО-ДПМНЕ и сега пратеничка група, тврдат“ дека не го снимал екс-премиерот Зоран Заев и потоа да ја доставил снимката која вчера ја пушти во етер поранешниот министер за надворешни работи и пратеник, Антонио Милошоски.

Такво нешто демантираат и од БЕСА и од Алијанса кои, според изјавата на Заев во аудио снимката“, биле присутни на средба на која наводно се убедувале „осумтемина“ од неопходноста за донесување на законот за Јавно обвинителство што и се случи по – повторено гласање вои Собрание.

„По однос на аудио снимката во која поранешниот премиер експлицитно признава дека се мешал во носењето на судските и обвинителските одлуки, Заев лаже дека истата ја снимил некој од пратениците со кои често се среќавал во владата, пишува Милошоски.

Овој заклучок, спорд него, може да се извлече од доставениот трснскрипт од укажувачот во кој е наведено дека разговорот се случува во присуство на З.З. едно лице опфатено со случајот “Рекет” и едно н.н. лице, во текот на Мај 2019 година.

Но, доколку владата и/или обвинителството имаат воља да се дознае дали Заев лаже или не, тоа е многу едноставно. Владата и влезот во премиерскиот кабинет, заради безбедносни причини, се под постојан видео надзор и не е воопшто тешко да се провери кои биле гостите на Заев во текот на Мај 2019-та. Но, изгледа дека Заев нешто крие, а тој најдобро знае што крие и зошто лаже!, пишува Милошоски на Фејсбук.

SHARE