Кој и зошто воведе ставка од 31 % во сметките за вода?

Унијата на потрошувачи на Македонија (УПМ) прашува кој дозволи да се воведе нова ставка во сметката на ЈП „Водовод и канализација“ за потрошена вода во Град Скопје и бара објаснување од надлежните што значи собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води.

„Освен што е покачена цената на водата за еден отсто, што е незначително, воведена е нова ставка – надомест за одржување на јавното градско зеленило без ДДВ, кој изнесува 31 % од тафирата за водна услуга што е голема сума

Покрај тоа, во претходните сметки имавме вкупна тарифа за водни услуги која сега е расчленета на тарифа за водни услуги и на две други ставки – „собирање и одведување на урбани отпадни води“ и „прочистување на отпадни води“.

Бараме од надлежните да ни објаснат што значат новите две ставки“, рече Атанас Трајковски од Унијата на потрошувачи на Македонија на денешната прес-конференција, пренесува „Скопјеинфо“.

„Давачката за одржување на јавното зеленило ми наликува во голем дел на некогашниот дел од сметките за струја од 33 отсто кој беше предвиден за изградба на нови енергетски капацитети“ – вели претседателот на Унијата на потрошувачи, Страшо Јованов.

SHARE