Кој ја нацртал Катица Јанева на ѕид во затворот “Шутка”

По одличната репортажа на новинарот на Телма Миомир Серафиновиќ за затворот Шутка во јавноста остана неодговорено прашањето кој ја нацртал специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на ѕидот во една од ќелиите.

Јанева е нацртана блиску до познатата поп пејачка Рита Ора која има албанско потелко и со која нема никаква видлива поврзаност.

Сепак друштвото на Ора и правописната грешка делумно се поклопуваат со сценаријата за можниот овековечувач на “Одвинителката Катnица Јанева”, како што е опишана на затворскиот ѕид.

Според едното сценарио се работи за затвореник кој сметал дека е неправедно осуден и спасот го гледал во “честа, професионалноста и моќта” на Јанева да донесе правда за сите.

Според второто сценарио, информациите од извори блиски на затворските служби говорат дека “уметникот” кој ја нацртал Јанева е дел од ,,Кумановската група” која во мај 2015 уби 8 македонски полицајци во Диво Насеље.

Мотивот да се нацрта Катица Јанева кај него лежи во информациите кои ги добивале терористите дека Јанева ќе објави аудио снимки во кои се слуша дека тие се наместени и наскоро ќе бидат пуштени да се бранат од слобода како што се случи со осудените за Монструм.

Во овој предмет за убиството на 4 деца и рибарот во “Велигденскиот масакр” кој од лани го презеде СЈО сите осудени се бранат од слобода.

Целата репортажа на Телма

SHARE