Кој ќе има право на брендот „македонско вино“!

Извозниците на вино сметаат дека сега, со Преспанскиот договор и новото име на државата, може да се најде решение на вината од целиот простор на географска Македонија на етикетите да стои „македонско вино”.

„Десетина години работиме под таква пресија да не ни го признаваат терминот ‘македонско вино’. Би било добро да се најде едно фер решение во рамки на меѓународните закони, а тоа е за целиот простор на географска Македонија да се користи придавката “македонски’“, вели сопственикот на винаријата “Стоби”, Минчо Јорданов

„Досега не сме биле контактирани за ова, но верувам дека нашата асоцијација го има предвид тој проблем и ќе ја каже нашата позиција во рамките на меѓународните прописи. Да нема победници и губитници“ изјави за „Вечер ,Јорданов.

SHARE