Утре истекува рокот за поднесување барања за амнестија од страна на обвинетите за настаните од 27 април.

Пет од обвинетите досега поднеле барања, а денеска, како што беше објавено, тоа се очекува да го сторат пратеникот Сашо Василевски и обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.

Неофицијално, до Судот веќе пристигнале 12 барања.

По ова, Обвинителството и Судот, во рок од пет дена ќе треба да одговорат кое од барањата ги исполнува законски услови, за амнестија.

Јане Ченто и Игор Југ, досега се единствените кои јавно се произнесоа дека нема да бараат амнестија.

Обвинителката Вилма Рускоска деновиве изрази мислење дека Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен и актерот Владо Јовановски како организатори на протестите „За заедничка Македонија“ не ги исполнуваат условите за амнестија.

Обвинителката рече дека пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од кабинетот на тогашниот претседател на Собранието би можеле да добијат амнестија.

SHARE

Оставете Коментар