Кој лаже: СДСМ, Заев или Тевдовски?

СДСМ, премиерот Заев и министерот за финансии Тевдовски даваат сосема различни бројки за бројот на вработени во последниот период во Македонија.

Партијата и двајцата функционери манипулираат со три бројки во распон од 26.600 до 40.000 вработени во Македонија.

Бројката што вчера ја објави СДСМ е помала за фантастични 13400 вработени од таа што Заев ја даде неодамна.

“Сите клучни економски параметри покажуваат раст и позитивни тенденции. Расте бројот на странски инвестиции, отворени се 26 600 нови работни места, растат платите, се намалуваат трошоците, намалени се казните, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните”, пишува во вчерашното соопштение на СДСМ во кое партијата тврди дека во земјава цветаат рози во економијата иако бројките и меѓународните органозации го тврдат спротивното.

Наспроти бројките на вработени на неговата партија премиерот зборуваше за околу 14 илјади други вработувања кои СДСМ ги крие од непознати причини

Министерот за финансии Тевдовски ако не манипулира од пропагандни причини минатиот месец излезе со трета бројка на трибина во Битола. Тој рече дека СДСМ остварил над 28 илјади вработувања.

Колку од овие вработувања се во приватниот сектор а колку во државната администрација сите погоре наведени засега избегнуваат да кажат.

Дали воопшто некоја од овие бројки на вработени е точна најдобро може да знаат други извори како Бирото за вработување, вицепремиерот за економија Анѓушев или министерот за администрација Манчевски кои засега не се изјаснуваат за бројките на СДСМ, Заев и Тевдовски.

SHARE

2 Коментари

  1. Конечно “еден” за нешто да е во право. Баталете го овие, никој веќе за ништо не им верува. Трагично е тоа што за ништо не сносат одговорност.

Оставете Коментар