Кој освен Нина Групер во финансии го блокира МВР?

Луѓе од министерството за финансии најверојатно под контрола на екс министерката Нина Ангеловска и други високи функционери во СДСМ ја блокираат работата на техничкиот министер во МВР Наќе Чулев.

Ова индиректно денес го укажа Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој гостуваше во дневникот на Канал 5.

“Во однос на нашите кадри можам да кажам дека сме исклучително задоволни од перформансот што го покажуваат. А, во однос на условите во кои што се најдоа, сме апсолутно незадоволни, уште има министри, заменици министри кои што не можат своите кабинети да ги комплетираат со соработници кои им се потребни таму, затоа што има опструкција од министерството за финансии и останати институции што е некоректно”, појасни Николоски.

Предходно екс министерката Ангеловска според повеќе извори дала налог на вработените да не комуницираат со техничката министерка Гордана Димитриевска Кочовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од мин. за финансии во оваа институција се прават координирани напори за да не се потпишуваат решенијата кои МВР ќе го направи кадровски екипирано, поефикасно и ефективно.

Николоски додаде дека и во такви услови кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада успеаја да најдат неправилности кои што се случуваат или се случувале на дневна основа во институциите во кои што се. Има еден наплив на партиски вработувања и отворање на нови, денес дојде најави за 500-тини вработувања на пример во „Македонски шуми“, здравството се полни на дневна основа итн.

Тоа е нешто што ја уништува атмосферата, прво тоа е класичен поткуп на гласачи, второ е трошење на буџетски пари. Понатака нема институција во која што не сме забележале директна злоупотреба која што е насочена во лична корист или во партиска корист, затоа излегуваат нашите претставници и ќе продолжат во иднина да излегуваат со уште пострашни работи, истакна Николоски.

Николоски образложи дека најмногу скандали има токму во министерството за внатрешни работи каде што постои или постоела една евидентна коалиција помеѓу власта и криминалните банди.

Кокаинот царува на улиците низ Македонија, особено во градовите и во моментов кокаинот е подостапен отколку на пример да купите кока кола. И за жал го имаме на улица, и во Скопје, и во останатите урбани центри. Се трујат децата во Македонија и за многу брзо време ќе излеземе и ќе покажеме зошто тоа се случува и зошто во три години грам кокаин не е фатен на улиците на Скопје и останатите градови низ Република Македонија, нагласи Николоски.

SHARE