Кој отплатува лична слобода со државни пари за пропаднатото СЈО?

Дали носењето на указ со законска сила од страна на владата со кој се покриваат огромни стари и непотребни трошоци на не постоечкото СЈО е всушност отплаќање на нечија слобода постигната со не чинење од страна на обвинителите и други вработени во Специјалното обвинителство.

Оваа дилема ја наметнува екс амбасадорот и аналитичар Арсим Зеколи.

“Крати од обичните за да им дадеш на повластените. Секој балкански ѓомити Робин Худ на крај завршува како обичeн гангстер. Поради вакви Real News луѓето преферираат да веруваат во Fake News. Но тоа е тоа, привилегијата на слободата мора да се отплаќа. На рати и службено”, пишува Зеколи.

СЈО никогаш не покрена ниту еден случај против високи функционери на СДСМ а лидерот на партијата еден месец откако изби аферата Рекет упорно инсистираше таа да остане шеф на Специјалното обвинителство.

SHARE