Кој шири лажна вест за ,,Вмровки” што се поклонуваат на шахти?

Вчера и денеска на социјалните мрежи од страна на профили блиски или дел од СДСМ споделуваат фотографија од група женски членови на ВМРО-ДПМНЕ кои што според информацијата што се шири се поклонуваат пред шахти на кои го има симболот од Кутлеш (Вергина.Вистината која што може да ја согледа секој што има деловна способност е дека припадничките на опозицијата се поклонуваат на споменикот на Методија Андонов Ченто во центарот на Скопје.За ова постојат и фотографии кои што лесно можат да се најдат на интернет.Но тоа не било пречка пропагандистите на власта да се обидат да ја манипулираат јавноста со политичка цел.Фотографијата „спонтано“ ја споделуваат стотици луѓе членови или симпатизери на СДСМ а најпрвин беше спроведена од фејсбук профилот Криминалиите на ВМРО , алатка на владеачката партија за пресметка со ВМРО-ДПМНЕ.Потоа слкиката и пораката во неа беше преземена и проширена од видни јавни личности некои во тесна врска со владеачката партија и премиерот Заев.Во информацијата на „Криминалиите на ВМРО“ ботовите на СДСМ пишуваат:
„По повод независноста, Унијата на жени на ДПМНЕ се поклони пред знамето од Кутлеш на шахтата :)”.Меѓу другите јавни личности сликата и фотографијата од профилот на алатката на СДСМ ги презема и сподели музичарот Златко Ориѓански кого владата неодамна го избра за нови директор на новоотворениот Центар за култура на Македонија во Тирана, Република Албанија.Тој од телевизијата Си Ен Ен бара оваа информација да ја стави во централниот дневник.„Унијата (на жени на ВМРО-ДПМНЕ) се поклони на пред шахтата со 16 крако сонце по повод денот на независноста. Море луѓе, е*авајте се почесто , оти паметот ви летна“. пишува Ориѓански кој очигледно сугерира дека претставничките на ВМРО-ДПМНЕ немаат доволно секс што е очеигледен говор на омраза на сексуална и полова основа.

Лажната информација и фотографијата ја споделува и Видана Бошкова Мицевска, учесник во шарената револуција и една од најжестоките бранителки на политиките на владата на Зоран Заев.Таа во својот коментар на Твитер на почетокот на постот напишала „НЕ верувам“, потоа ја објавува информацијата „По повод независноста, Унијата на жени на ДПМНЕ се поклони пред знамето од Кутлеш на шахтата“, по што на крајот со цел да се заштити од обвинувања за ширење лажни вести прашува „Кажете ми што е ова?“.https://twitter.com/VidanaDeSign/status/1170802317811224577Единствен кој што реагираше на лажната информација дека „Вмровки“ се поклониле на шахта со ѕвездата од Кутлеш е новинарот Миодраг Мишолиќ кој што споделувањето на лажната вест за членовите на ВМРО-ДПМНЕ го нарекува “вмровштина што поголема не може да биде“.„Споделувањето на фотографијава, на која вмровките наводно се поклонуваат на шахта е таква вмровштина, што поголема не може да биде. Се користи како причина да бидат исмеани, а всушност ја носи водата на нивната воденица, затоа што е лажна вест. Госпожите од Унија на жени, не се поколнуваат на шахта, туку на споменикот на Ченто. Секое спуштање на нивото на дискусијата (новинарството, медумите…) им оди на рака на полошите. Тоа никогаш не го заборавајте“, пишува Мишолиќ.Со години пред споменикот на Ченто во Скопје се поклонуваат претставници на повеќе политички партии но никому досега не му текнало од тоа да ја монтира за да создаде лажна вест и да ја лиферува во јавноста.Идниот директор на македонскиот културен центар во Тирана Златко Ориѓански во текот на денот сфатил дека направил говор на омраза и ширел лажни вести по што го избришал постот со фотографијата и лажната вест но останува горчливиот вкус на прљава политичка пропаганда во која учествувал и тој и многу други. Пропаганда во која врз основа на спорведената фотографија и лажна вест се искажани огромен број навреди за жените на фотографиите.Дали некој ќе се извини за ова и дали институциите на власта ќе покренат одговорност ќе покажат наредниве денови.Досегашните искуства покажуваат дека Владата молчи кога кругови на СДСМ шират лажни вести а реагира остро кога се објавуваат критички информации за партијата на власта.

SHARE