Кој во “Рекет” манипулира со доказот број 148 и членот 18 за ПИМ(ерките)?

Низа нелогичности, правни и оперативни недоследности во позициите на Јавното обвинителство на судењето на “Рекет” забележуваат правни експерти кои го следат случајот.

За дел од ситуациите постои основано сомнение дека делови од обвинителството намерно “фингира” ситуации со цел да постигне или да не постигне оредени состојби кои им одат во прилог на обвинетите и на луѓе со кои биле во контакт а се во власта или блиску до неа.

За време на денешното судење обвинителката Вилма Русковска не даде образложение на доказот број 148, ниту ја појасни природата на средбата и темата на разговорите меѓу Зоран Милевски Кичеец со братот на премиерот и семејниот адвокат на Заеви.

Освен видео снимка за контактот меѓу лицата, нејасно е зошто не се применети и други мерки согласно членот 18 од законот за следење на комуникации каде се предвидува и тонско снимање на содржината на комуникациите на лица на отворен простор, на јавни места и во внатрешен простор за да се открие природата на разговорите меѓу осомничениот Милевски и братот на премиерот и семејниот адвокат на Заеви.

Во речиси сите предходни слични случаи на прибирање податоци преку ПИ мерки секогаш имало тонски запис од средбите кои се следеле.

Од приказот на посебните истражни мерки на се добива впечаток дека истражителите на МВР само ги фотографирале и видео снимале осомничените на средби со луѓе без да имаат докази за што биле средбите и што е природата на разговорите.

Ова е уште еден случај, каде обвинителството прикажува докази кои лесно се оспоруваат, бидејќи само може да претпоставуваме и нагаѓаме зошто Милевски бил во Влада, а за Катица не се ни знае каде завршило нејзиното движење, дали во Претседателската или Премиерската вила на почетокот на месец август.

Суштинската забелешка за она што денеска се случи на судењето за Рекет е дека намерно и со план соодветно НЕ СЕ спроведени МЕРКИТЕ кон Милевски и Јанева.

Причината за тоа според правната но и политичката логика лежи со целта да не се открие содржината на разговорите на обвинетите со членови на Владата, функционери на СДСМ и членови на потесно семејство на Премиерот Заев.

Доколку Русковска во продолжение на судењето не ги објави тонските записи од средбите следени со ПИ мерките тогаш во опасност ги става и оперативците на МВР кои по наредба или по сопствен избор не го сториле тоа што го наложува членот 18 што може да донесе тешки правни последици и за нив.

SHARE