„Кокошка“ не го пушта Ориѓански во Тирана, немал факултет

Музичарот Златко Ориѓански кој настапуваше на митинзите на СДСМ во две изборни кампањи нема да оди во Тирана каде Владата го именуваше за директор на Македонскиот културен центар.

Проблем според Ориѓански е некоја „кокошка“ вработена во Министерството за култура, која што му барала факултетска диплома која тој најверојатно ја нема.

Во пост на Фејсбук Ориѓански ги објаснува и другите причини зошто по две години подготовка нема да замине во Тирана како директор.

Нејасно е зошто Ориѓански на полова и интелектуална основа ја навредува вработената во култура кога се знае дека според законот за сите директорски функции мора да се има факултетска диплома.

SHARE