Коле Манев потсети како говореше Заев за соседите (ЦРТЕЖ)

Ако една земја има недоразбирања со сите соседи, во таков случај не може вината да биде во соседите, туку во дотичната земја!

Ова го зборуваше Зоран Заев пред неколку години, во Берн, Швајцарија, каде беше гостин на дијаспората. Во Берн, Заев зборуваше за добрососедство, за пријателство, спомена и за изработка на некаква рамка, посебна рамка во која ќе ги смести сите вредни нешта, кои тој ги имаше во неговите мисли.

Многу брзо Заев стана премиер и како прва – платформата од Тирана ја смести во рамката. Набрзо и двојазичноста, потоа заедно со Димитров во рамката најде место договорот од Нивици за кој случај итрите политичари од ЕУ на Заев му ветуваа признание, па така во рамката ќе треба да се најде место и за Нобелова награда. Искрено овие од ЕУ си играа мајтап со нашиот премиер ама Заев можеби и поверува, па затоа во рамката остави посебно место…

Целата колумна на Коле Манев на ДЕНЕШЕН.МК

ИЛУСТРАЦИЈА: КОЛЕ МАНЕВ

Најчитана вест

Опозицијата во Тирана тврди дека Артан Груби бил преведувач во „Жолтата куќа“

SHARE