Колега на Русковска дал исказ дека Заев деблокирал пари од Рекет

Шокантно тврдење на весникот Ла Верита според кое еден македонски обвинител веќе дал исказ во ЈО според кој премиерот Заев наложил да се одблокира спорна сума од 750 илјади евра која била префрлена на човек опфатен со истрагата на Рекет.

Весникот открива дека обвинителот Пановски веќе го дал исказот а македонската јавност тоа не го знае.

“Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите.

Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.

Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000€ биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа.

Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заев и рекетот извршуван од Боки13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки13.

Со оглед на откирените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител”, тврди Ла Верита.

SHARE