Колку пари има Путин?

Двe конгресменки, од Демократската и од Републиканската партија поднесоа предлог-закон за да се истражи колку пари има Владимир Путин. Предлогот е наречен „Законот за транспарентност на Владимир Путин“.

Доколку биде прифатен, американската разузнавачка служба ќе мора да го истражи тоа и да ги поднесе откритијата преда Конгресот, пишува Еј-би-си.

Конгресменките кои се членови на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, дека законот треба да биде одговор на американското разузнавање на тековните обиди на Русија да ја ослабне американската демократија.

„Најдобар начин да го сфатиме влијанието на Путин и неговите помагачи, е да тргнеме по нелегалните и тајни текови на пари со кои се финансираат нивните операции“, вели Вал Демингс, една од предлагачите на законот.

Според неодамнешните официјални бројки,  Владимир Путин во 2017 година имал приходи од 300 илјади долари.

Аналитичари, пак, сметаат дека лично или на име на други лица, претседателот на Русија е еден од најбогатите луѓе во светот.

Критичарот на Путин, Бил Браудер проценува дека Путин контролира околу 200 милијарди долари, што го прави најбогатт човек на светот.

Друг политички аналитичар и критичар на Путин, Станислав Бековски, проценува дека Путин има акумулирано околу 70 милијарди долари.

Поранешен вработен на Министерството за финансии на САД, кој побарал анонимност, вели дека финансискиот систем на Русија е различен од оној на САД, а парите што Путин ги поседува, се скриени под „слоеви“ од доверлив луѓе.

Друг поранешен официјален претставник на американското Министерство за финансии, кој исто така сака да биде анонимен, вели дека парите не се највредното нешто што Путин поседува .

„Не мислам дека Владимир Путин има потреба од банкарска сметка во странство, со еден тон пари“, вистинската моќ на Путин е способноста да ги контролира олигарсите и останатите државни службеници“, пишува Еј-би-си.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.