Вработувањето на синот и на братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, уште еднаш го сврте вниманието на јавноста кон државната компанија ЕЛЕМ , во која свое „уточиште“ најдоа роднини на блиски роднини на функционери и пратеници на владејачките партии.

На социјалните мрежи се поставува прашањето колку роднини и блиски луѓе може да апсорбира Компанијата во која се исплаќаат плати многу над просечната во државата.

Весникот „Независен“ дознава дека во ЕЛЕМ во периодот од август до декември 2017 година, ималодве вработувања на неопределено време.

„Во текот на 2018 година, пак, реализирани се вкупно 117 вработувања на неопределено време, од кои 10 во ХЕС Црн Дрим, 67 вработени во РЕК Битола и 40 вработени во Дирекција на АД ЕЛЕМ.

Во исто време, по разни основи, компанијата ја напуштиле 178 лица.

„Заклучно со вчера, вработени се 72 лица на неопределено време. Преку Агенција за привремени вработувања во текот на 2018 година беа ангажирани 321 лице. Не ни е познато кои од вработените се лица блиски до функционери на актуелната и поранешната власт. Просечната плата во јануари годинава изнесувала 35.548 денари, најниската 16.988, а највисоката 56.356 денари“, информирале од ЕЛЕМ за „Независен“.

SHARE

1 Коментар

  1. Ни срам ни перде! Се остварува “Ќе јадеме живи луѓе…од чистачка до директор!” И тоа со предимство за рамковните коалиционери.

Comments are closed.