Колоски: Бојкот на референдумот е демократски избор и не ме прави прорусин

Методија Колоски, претседател на Обединета македонска дијаспора (ОМД), веднаш по изгласувањето на консултативниот референдум од парламентарното мнозинство повика за бојкот како демократски избор.

„Бојкотот на референдумот за името на Македонија исто така е демократски избор – избор дека нема да толерираме нечија пропаганда и промена на нашето име – демократијата ќе победи! Тоа не ме прави прорусин – горд што сум Американец од македонско потекло“, напиша првиот човек на најголемата организација на иселеници од Македонија во светот како поддршка на кампањата на глобалното непартиско движење „Ние сме Македонија“ за бојкот на референдумот закажан за 30 септември.

 

SHARE

Оставете коментар