Колозова смета дека наместо Пендаровски кандидат треба да е Димитров

Професорката Катерина Колозова смета дека владеачката гарнитура наместо Стево Пендаровски кој еднаш веќе загуби претседателска трка требало да го кандидира Никола Димитров.

Според Колозова која е поддржувач на Преапанскиот договор затоа што смета дека со него се зачувува идентитетот, СДСМ не смееле да кандидираат човек што бил еднаш поразен.

“Требаше за Претседател да го кандидираат. И плус, никогаш не треба да се оди со кандидат кој еднаш изгубил (и тоа од Иванов)”, пишува Колозова за Димитров и за Пендаровски во јавна преписка на социјалните мрежи.

На тие што тврдат дека Пендаровски во 2014 година бил поразен поради моќта на ВМРО-ДПМНЕ и дека неговиот пораз бил нефер и нема да влијае на оваа кампања таа им аргументира дека сега е ера на политика како театар.

“Поголема или помала доза на популизам има дури и во кампањите на центарот – не се оди со некој кој изгубил. Влијае на перцепцијата. Оди сега по улица и на секој поединечно објаснувај му зашто. Перцепцијата вклучува и емоции (како разочарување) и тоа не можеш да го контролираш со рационално разубедување”, пишува Колозова која останува на ставот дека еднаш поразен кандидат за претседател е лош потег на власта.

Колозова пред 5 години јавно објавила дека ќе гласа за Пендаровски.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.