Колозова удри по градоначалникот на Ѓорче Петров: Дај бе мавнете го овој!

Професорката Катерина Колозова го подбра на Фејсбук градоначалникот на Ѓорче Петров од СДСМ, Александар Наумоски.

„Наумоски работи неуморно пред избори да ја направи својата партија што е можно понепопуларна. Откако поплочи парк, но не и паркинг, па угаси пола светло во парк – сега е ЦРН МРАК. Дива шума. Ни ламбиче. Дај бе мавнете го овој!“, побара извршната директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

SHARE