Колозова во одбрана на премиерот или е јанлаш

Професорката Катерина Колозова денеска на Фејсбук реагира на негативните коментари по одлуката на премиерот Зоран Заев да се самопредложи и за министер за финансии што беше и најчудниот „момент“ од долгонајавуваната реконструкција на владата.

„Се убивте од спрдачење со Заев. Ја мислам дека позицијата в.д. (како му доаѓа?) министер за финансии има за цел да му овозможи на Германецот (како се вика? тој Меркел што ни го прати да не’ оправа) да истера некои реформи оти со Тевдо, изгледа, различни филозофии имаа. Тевдо не е казнет, има поинаква концепција од странецот и, со тоа, од Заев. Така ми се чини, може сум јанлаш“, напиша Колозова на Фејсбук.

SHARE