Колумбија ги укина визите за македонските државјани

Со македонски пасош од денеска ќе може да се влезе без виза и во Колумбија, соопшти амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски.

„Укинати се визите за македонските граѓани и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континентот, втората најбројна држава во Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес.

Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу.

Безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов“, објави амбасадорот Боцевски преку Фејсбук.