Комисија ќе ги менува учебниците во Македонија и во Грција

Kомисија, која ќе работи на ревидирање на учебниците и во Македонија и во Грција ќе биде формирана во наредните недели, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во вечерашното гостуување во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Учебници ќе менуваат и двете страни. Тоа ќе биде долг процес кој почнува со едно нормализирање и пријателство. Рокот е кус за формирање на таа комисија, Следните недели ќе треба да се формира комисија, да се најдат вистинските експерти, нивни, наши, тоа ќе биде долгорочен процес“, рече Димитров.

SHARE

Comments are closed.