Претседателот на македонскиот дел од Заедничката комисија за историјата, Драги Ѓоргиев, очекува терминот окупација за време на Втората светска војна да биде една од темите која ќе предизвика поголема дискусија.

„Формално правно тоа е окупација и поинаку не може да се толкува тој термин. И во таа смисла ќе има дискусии сериозни кога ќе дојде темата Втора светска војна во учебниците, меѓутоа формално правно, од формално правен аспект не може поинаку да се толкува тоа, тоа е окупација на одредена територија, на одредена држава“, вели Ѓоргиев за Сител.

Претходно, Кна омисијата постигна согласност за заедничко чествување на Кирил и Методиј и Григор Прличев, но остана отворено прашањето за Цар Самоил.

„Ние генерално се согласивме за Цар Самуил бидејќи постои како мит, меѓутоа постои проблем околу начинот како да се формулира неговата држава“, додава Ѓоргиев во изјава за Сител.

Каракачанов не попушта: Ако сака пријателство, Македонија да ги преправи учебниците

SHARE