„Комити“ ѝ се заколнаа на Македонија

Навивачката група „Комити“ го искористи и натпреварот Вардар – Монпелје од ракометната Лига на шампионите за нов перформанс на трибините, овојпат положувајќи ѝ заклетва на Македонија.

„Се колнам во името Господово и пред светиот крст дека ќе бидам верен на заклетвата наша ‘слобода или смрт’. Ја прекршам ли, да бидам казнет од оружјето што стои пред мене. Да живее Македонија“, можеше да се прочита во делови од транспарентите на трибините во СЦ „Јане Сандански“.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.