Навивачката група „Комити“ на официјалната ФБ страница се пожали дека нејзини членови се под засилен полициски притисок, дека се вршат упади во нивните домови, претреси, приведувања, им се изрекуваат астрономски парични казни под сомневање за наводно поседување и пуштање во промет на психотропни супстанци или оружје и распрскувачки материјали…а целта, како што меѓу редови соопштуваат, е да се одвратат од намерата за приклучување на протести за зачувување на уставното име.

„Зарем мислите дека сликата поставена како насловна на оваа страна е само текст напишан на најлонска фолија без никакво значење, затоа што ‘хартија трпи се’?
Уф, зарем толку многу ја промашувате суштината?- прашуваат во постот споделен на новната ФБ страница.

 

SHARE